Search
среда 19 септември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Ердоган го назначи својот зет за министер за финансии, што убаво како ли му текна

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги назначи членовите на својот кабинет, кој го сочинуваат заменик-претседател и 16 министри, а Министерството за финансии му го довери на својот зет, Берат Албајрак.

Албајрак (40) од 2004 година е во брак со постарата ќерка на Ердоган, Есра, а од 2015 година ја вршeше функцијата министер за енергетика.

 

Пред Ердоган да го назначи на оваа позиција, Албајрак работел во компанијата „Чалик холдинг“, турска енергетска и градежна компанија стационирана во Њујорк. На само 29 години, во 2007, тој станал извршен директор, а една година подоцна „Чалик“ го купи и турскиот дневен весник „Сабах“.

Истата година кога станал министер, неговиот брат Серхат бил назначен за директор на „Чалик медиа“.

Како што информираат регионалните медиуми, Ердоган и браќа Албајрак доминираат во земјата, а турскиот претседател речиси за секоја поважна одлука бара совет од својот зет.

Берат патува заедно со Ердоган во претседателската лимузина, а во турската јавност се зборува дека на состаноците на кабинетот покажува голема блискост и лојалност кон својот дедо.

Пренесувајќи сведоштва, турските медиуми пишуваат дека тој често се однесувал како и самиот да е претседател и им давал насоки на министрите како да раководат со своите ресори.

Инаку, Ердоган одлучи со Министерството за одбрана да раководи Хулуси Акар, а шеф на дипломатијата и натаму ќе биде Мевљут Чавушоглу.

Фуат Октај, поранешен советник во канцеларијата на премиерот – функција која е укината, е именуван за заменик-претседател.

Ердоган во текот на вчерашниот ден положи заклетва како прв турски претседател со проширени овластувања, а Турција го привршува процесот за транзиција од земја со парламентарен модел во претседателски систем.

Во контекст на ова, укината е функцијата премиер, со цел претседателот самиот да може да го бира својот кабинет и да управува со министерствата без неопходно одобрување од Парламентот.

loading...