Search
понеделник 16 јули 2018
  • :
  • :

Комити: Погребот на Саздо е утре во 13ч, даваме заклетва дека ќе ја истераме правдата на било кој начин

Комити се простија од нивниот Саздо, кој прерано го напушти овој свет. Во нивното соопштение се вели:

Денеска, 09.07.2018 не напушти нашиот брат, Никола Саздовски – Саздо. Престана да чука младото комитско срце, не успеа да победи во последната битка. Десет дена, срцето, лавовски се бореше со сите нанесени повреди и на крај, се реши да одмори, да отпатува на подобро место. Саздо беше нападнат и убиен од луѓе кои само се нарекуваат навивачи, а во основа се криминалци, дилери, убијци и најважно од се, заштитени се како никој друг во државава. МВР, ОЈО, НВО-та и некои квази новинари, прво се обидоа да го заташкаат случајот и да го пренесат кон друг правец, па од кога беа фатени во лага се обидоа да се правдаат и сето тоа, само зошто беше Комита и Македонец.
Прости ни Саздо, не успеавме да те заштитиме од нашите душмани. Даваме заклетва дека ќе ја истераме правдата на било кој начин. Ќе останеш засекогаш во нашите срца и во душата на Западот. Еден ден, повторно ќе се сретнеме таму горе и ќе запееме заедно. Сочуство до фамилијата и најблиските.

Погребот ќе се одржи утре, 10.07.2018 на гробиштата во с.Ракотинци со почеток од 13.00 часот.
Комити, утре, за да го испратиме нашиот брат како што доликува, дојдете на собирот со автомобили, кој симболично е закажан пред нашата, западна трибина од 11.45 часот со поаѓање во 12.20.
Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо, “Боже чувај ја Македонија”!!!

Комити: Погребот на Саздо е утре во 13ч, даваме заклетва дека ќе ја истераме правдата на било кој начин

Стоилов, Васоски, како и сите пријатели, познаници и членови на навивачката група “Комити“ се збогуваа од Саздо

Утрово пристигна жална вест, овој свет го напушти младиот навивач на Вардар, Никола Саздовски-Саздо. Пријателите, познаниците и членовите на навивачката група “Комити“ се збогуваат од прерано починатиот Саздо, кој денес подлегна на повредите здобиени на  30.06.2018, кога беше крвнички претепан.

На своите фб профили последен поздрав за младиот комита упатија и капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов и помошниот тренер во ФК Вардар, Александар Васоски, како и официјалната страна на ФК Вардар.

Стоилов, Васоски, како и сите пријатели, познаници и членови на навивачката група “Комити“ се збогуваа од Саздо

vardarfans-fk-vardar-236834010_200988107275432_653861315722346496_n 36838644_200987847275458_2869074008114987008_n

loading...