Search
среда 14 ноември 2018
  • :
  • :

Мицкоски за починатото момче: Беше наш член, но и да е било кој друг, болката е иста

loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук за смртта на Никола Саздовски, момчето кое беше претепано во Автокоманда.

-Прекината иднина, уште едно семејство обвиено во тага и црнила.
Наш член, но и да не е наш член, и да е било кој друг, болката е иста. И не се работи за политика, овде се работи за чувството како родител кое неизбежно укажува на загриженост, за чувството на несигурност во својата земја, во својот град, на својата улица. Без оглед дали некој живее во Чаир и Бутел, или Кисела Вода, Центар или Карпош, Аеродром и Ѓорче, Битола, Куманово или било кој друг град. Проблемите се исти, чувството на безпомошност да се обезбеди спокоен и мирен живот, онаков каков што секој заслужува и за кој почнува да копнее. Ова е време кога безбедноста е загрозена, родителите не можат со мирна совест да ги пуштат своите деца без да се плашат за нивниот живот, а каков е тој живот во кој секојдневието е преполно со страв и несигурност. Луѓето живеат во страв за своите животи, бидејќи власта е неспособна да обезбеди сигурност, напиша Мицкоски.

Тој додава дека ваквите настани ја распрснуваат како меур од сапуница „розевата слика која власта и пропагандата сакаат да ја создадат, свет кој е илузија а во кој доминираат фалбите за убавиот живот, слика која вештачки сакаат да ја изградат, ама пусто реалноста е поинаква и таа е болна за обичниот човек“.

loading...